Поставување на вашиот e-mail
Со Nokia e-mail волшебникот, можете да ја поставите
вашата корпоративна e-mail сметка, како што е Microsoft
Outlook, Mail for Exchange или Intellisync, и вашата
интернет e-mail сметка.
Кога го поставувате вашиот корпоративен e-mail, може
да ви биде побарано името на серверот асоциран со
вашата e-mail адреса. За детали прашајте го IT
одделението на вашата компанија.
1. За да го почнете волшебникот, појдете до почетниот
екран, дојдете до e-mail волшебникот и притиснете го
копчето за движење.
2. Внесете ја вашата e-mail адреса и лозинка. Ако
волшебникот не може автоматски да ги конфигурира
поставките за вашиот e-mail, треба да го изберете
Пораки
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
44
типот на вашата e-mail сметка и да ги внесете
поставките во врска со сметката.
Ако вашиот уред содржи какви било дополнителни e-mail
клиенти, тие ќе ви бидат понудени кога ќе го почнете e-
mail волшебникот.