Nokia 6710 Navigator - Мапи

background image

Мапи

Одберете

>

Maps, или притиснете го копчето за

навигација.
Со Мапи, можете да ја видите Вашата моментална

локација на мапата, да ги прелистувате мапите на

различни градови и земји и да пребарувате адреси или

места што Ве интересираат. Исто така можете да

планирате маршрути и да добиете водич за навигација на

кола и пешак. Ако ги зачувате Вашите омилени локации

и маршрути во Вашата Nokia сметка, можете да ги

организирате во колекции и да ги синхронизирате

зачуваните објекти помеѓу Вашиот мобилен уред и Ovi

Мапи интернет услугата.
Можете исто така да гледате информации за време,

сообраќај, настани, патување и други детали за локација,

доколку тоа е достапно за Вашата држава или регион.

Кога употребувате Мапи за прв пат, можеби ќе биде

потребно да одберете интернет пристапна точка за

даунлоадирање на мапи.
Кога имате некоја активна дата конекција и ја

прелистувате мапата на екранот, нова мапа автоматски се

даунлоадира, ако прелистувате во област која не е

покриена со мапите кои се веќе даунлоадирани. Можете

исто така да го користите Nokia Map Loader PC софтверот

за да даунлоадирате мапи. За да инсталирате Nokia Map

Loader на компатибилен персонален компјутер, одете до

www.nokia.com/maps.

Забелешка: Даунлоадирањето содржини како

што се мапи, слики од сателити, гласовни датотеки,

водичи или информации за сообраќај може да вклучуваат

пренос на големи количини на податоци (мрежна услуга).

Совет: За да избегнете трошоци за пренос на

податоци, можете исто така да користите Мапи без

интернет конекција и да ги прелистувате мапите

кои се зачувани на Вашиот уред или мемориска

картичка, ако е достапно. Кога користите Мапи без

интернет конекција, некои услуги не се достапни.

Скоро целата дигитална картографија е непрецизна и

некомплетна до некој степен. Никогаш не се потпирајте

единствено на картографијата која што ја даунлоадирате

за употреба во овој уред.
Содржините како што се слики од сателити, водичи,

информации за време и сообраќај и поврзаните услуги се

генерирани од трети страни независни од Nokia.

Содржината може да бидат непрецизна и некомплетна до

Позиционирање

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

37

background image

одреден степен и е предмет на достапноста. Никогаш не

се потпирајте единствено на гереспоменатата содржина

и поврзаните услуги.
За повеќе информации за апликацијата Мапи во Вашиот

уред, одете до www.nokia.com/support.