Предвидливо внесување на текст
1. Да го активирате или деактивирате предвидливото
внесување текст, притиснете # двапати бргу. Ова го
активира или деактивира начинот за внесување на
предвидливиот текст за сите едитори во уредот.
покажува дека начинот за внесување на
предвидливиот текст е активиран.
2. За да го напишете посакуваниот збор, притиснете ги
копчињата 2-9. Притиснете го секое копче еднаш за
секоја буква.
3. Кога ќе завршите со правилното пишување на зборот,
скролувајте десно за да го потврдите, или притиснете
0 за да додадете празно место.
Ако зборот не е правилен, притиснете *
последователно за да ги видите зборовите што
одговараат во речникот.
Ако знакот ? се прикажува по зборот, зборот што
сакате да го напишете не е во речникот. За да додадете
збор во речникот, одберете Spell, внесете го зборот
(до 32 букви) со користење на традиционалното
внесување на текст и одберете OK. Зборот се додава
во речникот. Кога речникот е полн, новиот збор го
заменува најстариот додаден збор.
Напишете го првиот дел од некој сложен збор; за да го
потврдите, скролувајте десно. Напишете го вториот дел
од сложениот збор. За да го завршите сложениот збор,
притиснете 0 за да додадете празно место.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
40