Продолжување на животниот век
на батеријата
Многу функции во Вашиот уред ја зголемуваат
побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат
животниот век на батеријата. За да ја зачувате енергијата
од батеријата, имајте го на ум следново:
● Услугите кои користат Bluetooth конекција, или
дозволуваат вакви услуги да бидат активни во
позадина додека користите други услуги, ја
зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата.
Деактивирајте ја Bluetooth конекцијата кога не Ви е
потребна.
● Услугите кои користат безжичнa LAN (WLAN), или
дозволуваат вакви услуги да бидат активни во
позадина додека користите други услуги, ја
зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата.
WLAN на Вашиот Nokia уред се исклучува кога не се
обидувате да се конектирате, не сте конектирани со
Корисни информации
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
22
пристапна точка, или не скенирате за достапни мрежи.
За уште повеќе да ја намалите потрошувачката на
батеријата, можете да го прилагодите Вашиот уред во
позадина да не скенира, или поретко да скенира за
достапни мрежи.
● Ако сте одбрале Packet data > When available во
прилагодувањата за конекција, и нема покриеност за
пакет дата (GPRS), уредот ќе се обидува периодично да
воспостави пакет дата врска. За да го продолжите
времето на работа на Вашиот уред, одберете Packet
data > When needed.
● Апликацијата Мапи даунлоадира нова информација за
мапата кога ќе се поместите до нови области на мапата,
при што се зголемува побарувачката на енергија од
батеријата. Можете да го спречите автоматското да
даунлоадирање на нови мапи.
● Ако јачината на сигналот на мобилната мрежа многу
варира во Вашата област, Вашиот уред мора постојано
да скенира за достапните мрежи. Ова ја зголемува
побарувачката на енергија од батеријата.
Одберете
>
Settings > Settings и Phone >
Network.
Ако мрежниот режим е наместен на двоен режим во
прилагодувањата на мрежата, уредот пребарува за
UMTS мрежата. За да го прилагодите уредот да користи
само GSM мрежа, одберете
>
Settings > Settings
и Phone > Network > Network mode > GSM.
● Светлото во позадина на екранот ја зголемува
побарувачката на енергија од батеријата. Во
прилагодувањата на екранот, можете да го промените
времето на исклучување на позадинското светло, и да
го прилагодите сензорот за светло кој ги набљудува
условите за осветлување на екранот. Одберете
>
Settings > Settings и General > Personalisation >
Display.
● Оставањето на апликациите да работат во позадина ја
зголемува побарувачката на енергија од батеријата. За
да пристапите до апликациите кои не ги користите,
притиснете и задржете го мени копчето, и одберете
апликација.
Корисни информации
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
23