Помош во уред
Вашиот уред содржи инструкции за помош за користење
на апликациите во Вашиот уред.
За да ги отворите помошните апликации од главното
мени, одберете
>
Applications > Help > Help и
апликацијата за која сакате да ги прочитате
инструкциите.
Кога некоја апликација е отворена, за да пристапите до
текстот за помош од моменталниот приказ, одберете
Options > Help.
Кога ги читате инструкциите, за да ја промените
големината на помошниот текст, одберете Options >
Decrease font size или Increase font size.
Можете да најдете линкови до поврзани теми на крајот
од текстот за помош. Ако одберете некој подвлечен збор,
се покажува кратко објаснување. Помошните текстови ги
користат следниве индикатори: прикажува линк до
поврзана содржина за помош прикажува линк до
апликацијата за која се зборува
Кога ги читате инструкциите, за да се префрлите од
прозорецот за помош на апликацијата што е отворена во
позадина, притиснете и задржете го мени копчето и
одберете од листата на отворени апликации.