Nokia 6710 Navigator - WLAN волшебник

background image

WLAN волшебник

Може да постојат некои ограничувања за користењето

на WLAN во некои држави. За повеќе информации

проверете кај Вашите локални власти.
Функциите кои што користат безжична LAN ја зголемуваат

побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат

животниот век на батеријата.
Одберете

>

Settings > Connectivity > WLAN wiz..

Конективност

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

89

background image

WLAN волшебникот Ви помага да пронајдете и да се

поврзете со некоја безжична LAN (WLAN). Кога ќе ја

отворите апликацијата, Вашиот уред започнува да

скенира за достапни WLAN мрежи и ги излистува.
Одберете Options и од следниве опции:
Refresh — Ажурирајте ја листата на достапни WLAN

мрежи.

Filter WLAN networks — Филтрирајте ги WLAN

мрежите во листата на пронајдени мрежи. Одбраните

мрежи се филтрираат следниот пат кога апликацијата

пребарува за WLAN мрежи.

Start web browsing — Започнете со пребарување на

web користејќи ја пристапната точка на WLAN.

Cont.web browsing — Продолжете со web

пребарувањето користејќи ја моменталната активна

WLAN конекција.

Disconnect WLAN — Прекинете ја врската со активната

конекција со WLAN.

Details — Видете ги деталите на WLAN мрежата.

Важно: Секогаш вклучете еден од достапните

методи на шифрирање за да ја зголемите безбедноста на

Вашата безжична LAN конекција. Користењето на

шифрирање го намалува ризикот од неовластен пристап

до Вашите податоци.
За да го прилагодите WLAN волшебникот автоматски да

креира пристапна точка за одбраната WLAN кога ќе

одберете Start web browsing или Use for, одберете

>

Settings > Settings, и Connection > Wireless LAN >

Internet connectivity test > Run automatically.

Пристапната точка исто така може да се користи со други

апликации кои што бараат WLAN конекција.
Ако одберете безбедна WLAN, ќе бидете прашани да

внесете соодветни кодови за пристап. За да се поврзете

на некоја скриена мрежа, мора да го внесете правилниот

сет за идентификација на услугата (service set identifier -

SSID).
За да ја користите пронајдената WLAN мрежа за некоја

конекција за мрежен повик, одберете го редот кој што го

прикажува статусот, Use for, посакуваната услуга за

мрежен повик и WLAN мрежата што ќе се користи.

Конективност

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

90