За Bluetooth
Bluetooth технологијата во вашиот уред овозможува
безжични врски помеѓу електронски уреди во опсег од 10
метри (33 стапки). Bluetooth врска може да се користи за
да испратите слики, видео, текст, визит-карти,
календарски белешки или безжично да се поврзете на
уреди што користат Bluetooth технологија.
Бидејќи уредите што користат Bluetooth технологија
комуницираат користејќи радио бранови, вашиот уред и
другите уреди не мора да бидат во директна видна врска.
Двата уреди само треба да бидат максимално 10 метри
оддалечени еден од друг, иако врската може да биде
изложена на интерференција од пречки како што се
ѕидови или од други електронски уреди.
Неколку Bluetooth врски можат да бидат активни
одеднаш. На пример, ако вашиот уред е поврзан на
слушалки, исто така можете истовремено да пренесувате
датотеки на друг компатибилен уред.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата
2.0 + EDR што ги поддржува следниве профили: Advanced
Audio Distribution, Audio/Video Remote Control, Basic
Imaging, Basic Printing, Device ID, Dial-up Networking, File
Transfer, Generic Audio/Video Distribution, Generic Access,
Generic Object Exchange, Handsfree, (Human Interface
Device) Headset, Object Push, Phone Book Access, Serial Port,
и SIM Access . За да осигурате интеропратибилност помеѓу
другите уреди што поддржуваат Bluetooth технологија,
користете додатоци за овој модел што се одобрени од
Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за
да ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја
зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата и
го намалуваат животниот век на батеријата.