Nokia 6710 Navigator - Навигирање на страници

background image

Навигирање на страници

Мини Мапа и Преглед на страница ви помагаат да се

движите низ web страниците кои што содржат големи

количества на информации.

За да активирате Мини Мапа, одберете Options >

Settings > General > Mini map > On. Кога скролувате

низ некоја голема web страница, Мини Мапа се отвара и

покажува преглед на страницата.
За да се движите низ Мини мапата, скролувајте лево,

десно, горе или долу. Кога ќе ја пронајдете посакуваната

локација, прекинете со скролување. Мини мапата

исчезнува и Ве остава на одбраната локација.
Кога пребарувате некоја web страница која што содржи

големо количество на информации, можете исто така да

користите Преглед на страница за да видите каков вид на

информации содржи web страницата.
За да прикажете преглед на моментната web страница,

притиснете 8. За да прелистувате околу прегледот,

користете го копчето за листање. За да зумирате во оддел,

листајте до одделот и одберете OK.